24фудбал

Пикфорд бил следен изведувач на пенал кај Англичаните по Сака?

Голманот на Евертон беше подобар во дуелите со Белоти и Жоржињо, меѓутоа ниту тоа не помогна на „Гордиот Албион“ да ја совлада Италија во големото финале.

ЕВРО 2020

На Островот и натаму се дискутира листата на редослед за изведување на пенал серијата кај селекцијата на Англија во големото финале од Европското првенство каде поуспешна беше Италија.

Откако Кејн и Мегваер погодија, „Гордиот албион“ беше во предност од 2-1, меѓутоа потоа следеше голем пресврт откако во низа следеа три промашување, а неуспешни беа Рашфорд, Санчо и Сака.

Медиумите во Англија наведуваат дека голманот Џордан Пикфорд, како и фудбалерот од средниот ред Калвин Филипс биле предвидени за шестата рунда пенали, односно седмата, меѓутоа по промашувањето на Сака, обајцата не добија шанса бидејќи победникот беше решен откако фудбалерот на Арсенал не беше умешен во обидот.

Уште пред самото Европско првенство се претпоставуваше дека Герет Саутгејт го подготвува Пикфорд за изведувач на пенали во сценарио слично на синоќешното, па дури и за нешто порана фаза од завршната во таква ситуација.