24фудбал

Грилиш му одговори на Кин: Јас побарав да шутирам пенал, но…

Рој Кин го нападна Грилиш велејќи дека тој требало да преземе одговорност и да шутира пенал, наместо да му дозволи на младиот Сака.

ЕВРО 2020

Поради чудниот избор на пеналџии, многу прашина се крена во англиската јавност. Речиси сите фудбалски критичари беа едногласни дека поискусните требало да шутираат пенали, а најдиректен беше Рој Кин.

Тој рече дека Грилиш не можел едноставно да седи таму и да молчи, требало тој да шутира наместо Сака.

Грилиш не остана покус, па преку социјалните мрежи веднаш му врати на Кин.

„Побарав да шутирам пенал!!! Селекторот донесе многу правлни одлуки во текот на овој турнир и тој ја донесе одлуката за пеналите! Не сакам луѓето да зборуваат дека не сум сакал да шутирам пенал кога сакав...“, напиша Грилиш.