24фудбал

Бонучи брутален: Уживав гледајќи како 58.000 луѓе заминуваат од Вембли пред да биде доделен трофејот! (ВИДЕО)

Леонардо Бонучи вели дека Италија и одржала лекција на Англија и вели дека уживал во глетката како Англичаните го напуштаат стадионот пред доделувањето на пехарот.

ЕВРО 2020

Англија финалето го играше на домашен терен, на Вембли имаше само околу 7.000 навивачи. Бројката беше мала поради ковид рестрикциите на британската влада во кои спаѓа и карантинот за жителите на Европската Унија.

Англија имаше голема поддршка од публиката, но Италија на крајот го освои трофејот. Бонучи кој беше прогласен за играч на мечот имаше што да каже по освоениот трофеј.

„Чувството е посебно, уживавме. Да гледаш како 58.000 луѓе си заминуваат пред церемонијата за доделување на трофејот е нешто кое треба да се ужива, трофејот оди во Рим. Тие мислеа дека останува во Лондон, жал ми е за ниив, но Италија уште еднаш им одржа лекција“, вели Бонучи.

„За време на загревањето си рековме дека тоа што се случува на трибините е само бучава во позадината. Имаме серија од 34 натпревари без пораз, се што треба да правиме е тоа што го правевме досега за да дојдеме тука, ни повеќе, ни помалку“.