24фудбал

Донарума е најдобар играч на ЕП, Роналдо е најдобар стрелец (ФОТО)

Голманот на Италија, Џиџо Донарума е прогласен за најдобар играч на Европското првенство, а Златната копачка на турнирот ја добива Кристијано Роналдо кој остана на врвот на листата на стрелци.

ЕВРО 2020

Донарума имаше фантастичен турнир, беше сигурен на голот и имаше повеќе брилијантни интервенции во текот на Европското првенство.

Синоќа беше одличен во пенал серијата и наградата за најдобар играч на ЕП заслужено оди во негови раце.

Португалија беше елиминирана во четвртфиналето, но Роналдо со пет гола и една асиситенција остана на првото место на листата на стрелци. Втор е Патрик Шик кој исто така има пет голови, но без асистенција.