24фудбал

Саутгејт откри како одлучил кој да шутира пенали

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт направи лош избор за изведувачите на пенали, дури тројца промашија од кои двајца беа специјално ставени за изведувањето на ударите.

ЕВРО 2020

Герет Саутгејт како фудбалер промаши пенал во 1996 година во полуфнале против Германија на Европско првенство на Вембли, по што Англија беше елиминрана.

Судбината на некој начин се повтори, Саутгејт повторно утна на пенали, овој пат во изборот на играчи. Во последните моменти од мечот ги стави во игра Рашфорд и Санчо кои ги промашија пеналите, а погрешен избор беше и Сака. Тоа беа тројца млади играчи кои очигледно не се справија со притисокот.

„Јас одлучив кои ќе шутираат, одлучував врз база на тоа што се случуваше на тренинзите, никој друг не одлучуваше. Победувавме заедно како тим, бевме заедно во се, заедно не успеавме да го добиеме натпреварот, но кога се во прашање пеналите, тоа беше само моја одлука“, изјави Саутгејт.

„Многу сме разочарани, но треба да им се честита на фудбалерите, дадоа се што можеа. Беше болно во соблеувалната на мечот. Но одигравме одличен турнир“.

Запрашан што им рекол на фудбалерите по поразот, тој одговори: „Дека сите сме заедндо, дека им дадоа на земјата некои незаборавни спомени, и вечерва ќе ни биде екстремно тешко по поразот бидејќи во животот многу ретко добивате можности да освоите ваков трофеј. Но кога ќе помине малку време, ќе сфатат што направија и треба да се чувствуваат гордо како група“.