24фудбал

Пандев меѓу најдобрите во групната фаза од ЕП (ФОТО)

Горан Пандев се најде во најдобриот тим на групната фаза на Европското првенство во избор на холандскиот медиум „НОС Спорт“.

ЕВРО 2020

Според „Би-Би-Си“, Алиоски беше во тимот на групната фаза, но според „НОС Спорт“ таму место има за Горан Пандев.

За нашиот капитен тие го истануваат голот против Австрија, но и некои магични потези на останатите мечеви. Споменати се и големите емоции на дуелот со Холандија и шпалирот од соигирачите кога излезе од теренот.

Формацијата на „НОС Спорт“ е 3-4-3. На голот е Олсен, во одбраната се Кјаер, Госенс и Думфрис, во средниот ред Вајналдум, Де Брујне, Бејл и Локатели, офанзивното трио го сочинуваат Роналдо, Пандев и Шик.