24фудбал

УЕФА го укина правилото „гол во гости“

УЕФА потврди дека од следната сезона во сите нејзини клупски натпреварувања се укинува правилото „гол во гости“.

Лига на Шампиони

УЕФА денеска потврди дека од сезоната 2021-2022 се укинува правилото на „гол во гости“.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин се надева дека тоа ќе придонесе и за поофанзивен фудбал.

„Влијанието на правилото е спротивно на тоа за што беше донесено, факт е дека домашните екипи, особено во првите средби, помалку напаѓаат бидејќи се плашат да постигнат гол кој може да им даде важна предност на гостите“, вели Чеферин.

Отсега ако некои дуели завршат нерешено и на двата меча, без разлика каде колку голови се постигнати, ќе се премине кон двете продолженија од по 15 минути. Ако и во нив нема победник, ќе се шутираат пенали.