24фудбал

Погба беше прашан дали неговата црно-бела фризура е знак дека оди во Јуве

По мечот со Португалија, Пол Погба треба да одговара и на прашање за неговата фризура.

ЕВРО 2020

„Дали мојата фризура беше црно-бела во знак на дресот на Јуве? Очекував вакво прашање. Не размислувам за мојата иднина, фокусиран сум само на ЕП. А мојата коса секогаш се менува, знаете и вие“, изјави Погба.

Погба има уште една година од договорот со Манчестер јунајтед кој му нуди огромна плата за продолжување на соработката.