24фудбал

Бразил во 100та минута ја победи Колумбија, супер гол на Диаз (ВИДЕО)

Бразил запиша нова победа на Копа Америка, но се играше 100та минута кога го постигнаа погодокот за 2-1 против Колумбија.

Јужна Америка

Бразил синоќа ја забележа третата победа на Копа Америка и се пласираше во четвртфиналето. Триумфираше над Колумбија со 2-1.

Колумбија имаше спектакуларно отворање на мечот, во 10. минута по центаршут на Квадрадо, Диаз постигна акробатски гол за водство од 1-0.

Бразил израмни дури во 78. минута, Фирмино реализираше со глава по асистенција на Лоди.

Течеше 100. минута од натпреварот кога по едно нафрлување на Нејмар од корнер, Касемиро погоди со глава за победа на Бразил од 2-1.