24фудбал

Менди побарал повисока плата од Реал Мадрид

Францускиот бек одигра 38 меча за „Кралскиот клуб“ изминатата сезона на кои постигна два гола, а има активен договор со шпанскиот гигант до 2025 година.

Шпанија

Ферлан Менди имаше одлична сезона за Реал Мадрид, а со тоа ги надмина проблемите кои ги имаше претходно под кормилото на Зинедин Зидан со зачестените повреди, но и фактот што францускиот фудбалски стратег го преферираше Марсело.

Како и да е, „Марка“ пишува дека 26 годишниот бек побарал повисока плата од Реал Мадрид за да се награди неговото значење во тимот на „Кралевите“, меѓутоа, шпанскиот весник тврди дека Реал Мадрид нема намера да му ја исполни желбата, ниту пак да размисли за неговото барање.

За очекување е местото на Менди во почетниот состав на Реал Мадрид да биде сигурно во новата сезона под кормилото на Карло Анчелоти.