24фудбал

Роналдо близу до трансфер во ПСЖ, Мендеш на преговори со челниците на Јувентус

Освен ПСЖ, опција за Кристијано Роналдо е воедно и враќање во Манчестер јунајтед, а се споменуваат Мауро Икарди и Пол Погба како комбинации за трампа.

ЕВРО 2020

Иднината на Кристијано Роналдо и натаму е неизвесна со тоа што 36 годишниот Португалец во моментов е фокусиран на настапите на својата национална селекција на Европското првенство.

Но, шпекулациите за неговата иднина и натаму се пласираат во медиумите, па така најновата вест е дека ПСЖ во моментов е главен кандидат за неговиот потпис.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека агентот на Роналдо, Жорж Мендеш во наредните неколку денови ќе отпатува за Италија за да разговара со челниците на Јувентус околу неговата иднина.

Се верува дека Јувентус посакува да го задржи Португалецот во своите редови, меѓутоа, од друга страна пак, „Старата дама“ на крајот не би имала и ништо против да се ослободи од неговата голема плата.