24фудбал

Челси извиси, ПСЖ ја доби битката за потписот на Хакими

Мароканецот беше одличен изминатата сезона во дресот на „Нероаѕурите“, меѓутоа во новата сезона ќе го гледаме во дресот на францускиот вицепрвак, барем така најавуваат дел од медиумите во Италија.

Франција

Повеќе медиуми во Италија пренесоа дека ПСЖ е мошне близу до ангажман на Ашраф Хакими од Интер, откако наводно биле договорени личните услови на Мароканецот.

За услугите на Хакими интерес пријавуваше и Челси, меѓутоа францускиот вицепрвак на крајот излезе како победник во битката за потписот на бекот, според известувањата на „Скај Спорт Италија“, „Газета дело Спорт“, но и „Спортиталија“.

Се верува дека Интер ќе ја прифати понудата од 70 милиони евра на ПСЖ, иако клубот од Милано посакуваше десет милиони евра повеќе од тоа, но и тоа е успех за италијанскиот првак кој лани го ангажираше Хакими од Реал Мадрид за 45 милиони евра.

Хакими изминатата сезона постигна седум погодоци, но и 11 асистенции, а Челси се обиде да го ангажира нудејќи го дури и Маркос Алонсо покрај понудата од 60 милиони евра.