24фудбал

УЕФА покрена постапка против ФФМ поради прекршување на ковид-протоколот!

Иако нашиот настап на Европското првенство е завршен, Фудбалската федерација на Македонија можеби ќе треба да плати казна откако УЕФА покрена постапка поради прекршување на ковид-протоколот.

Македонија

УЕФА одреди посебна комисија која ќе истражува дали некои од нашите фудбалери го прекршиле ковид протоколот.

Случајот се однесува на пропусти при земањето на брис од играчите во Амстердам за задолжителните тестови за ковид-19.

Постапката не е против еден фудбалер или индивидуалци, туку против ФФМ, која на крајот би можела да се соочи со парична или друг вид на казна доколку комисијата констатира вина.