24фудбал

Австрија со апел до навивачите: Не патувајте во Лондон

Големиот наплив на новозаразени со ковид-19 донесе нов бран на зарази со вирусот на Островот, а тамошната моментална ситуација носи проблеми и за Европското првенство.

ЕВРО 2020

Австриската фудбалска федерација ги повика навивачите да не патуваат во Лондон за пресметката со Италија во рамките на осминафиналето од Европското првенство, а од таму потврдија дека се обиделе да го одложат мечот, но и истиот да биде одигран на друго место.

Дуелот е предвиден да се одигра во петок, но истиот донесе несигурност кај обете селекции поради големиот бран заразени со ковид-19 во Англија изминатиов период, поточно со делта сојот, кој воглавно е под контрола во остатокот од Европа.


Истовремено, ако се земе во предвид дека полуфиналната рунда натпревари, како и големото финале од Европското првенство ќе бидат одиграни токму на Вембли, со дозволено присуство за 60,000 гледачи, тензиите помеѓу УЕФА и европските влади се интензивираат.