24фудбал

Ван дер Варт: Малку фалеше и јас да пуштам солзи, Пандев е како Јохан Кројф за Македонија

Легендата на холандскиот фудбал, Рафаел Ван дер Варт вели дека Горан Пандев заслужил да биде испратен како што тоа се случи на „Јохан Кројф“ Арената.

ЕВРО 2020

Холанѓаните направија одличен гест на последниот меч на Горан Пандев за Македонија кога му подарија дрес со бројот 122, колку што капитенот има настапи за нашата репрезентација.

Емотивно беше излегувањето на Пандев од игра, нашите играчи му направија шпалир, а доби стоечки овации од целиот стадион, вклучувајќи го и Весли Снајдер, неговиот соиграч од времето во Интер.

Убави зборови за Пандев има и Ван дер Варт кој го спореди со Јохан Кројф.

„Го почитувам Горан Пандев, па тој е како Јохан Кројф за Македонија. Мислам дека направивме одличен гест, на одличен начин тој се прости од својата селекција. Атмосферата и мене ми предизвика емоции, малку фалеше да пуштам солзи. Прекрасно е кога големите играчи како Пандев се испраќаат на тој начин“, изјави Рафаел ван дер Варт.