24фудбал

Хрватска преку Шкотска до осминафиналето, Англија го освои првото место (ВИДЕО)

Хрватска со 3-1 ја победи Шкотска и како второпласирана оди во осминафиналето, Англија со 1-0 ја совлада Чешка и го освои првото место во групата.

ЕВРО 2020

Хрватска за првпат во историјата ја победи Шкотска и тоа кога најмногу беше потребно. 

Резултатот го отвори Влашиќ во 17. минута од натпреварот, а пред крајот на првиот дел Мекгрегор со удар од далечина изедначи на 1-1.

Нерешениот резултат не им одговараше на ниту една селекција, двете ја бараа победата, а Хрватите успеаа во тоа.

Во 62. минута Модриќ со прекрасен гол го врати водството на Хрватска, а во 77. минута Перишиќ погоди за конечни 3-1.

Англија не калкулираше против Чешка, победи со 1-0, го освои првото место кое носи тежок противник во осминафиналето, некој од Германија, Франција или Португалија.

Единствениот погодок го постигна Стерлинг кој реализираше по убава асистенција од Грилиш.