24фудбал

Адама Траоре не ја отфрла можноста да се врати во Барселона

Фудбалерот на Вулверхемптон го привлече вниманието кај повеќето европски гиганти со одличните настапи во Премиерлигата, а се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона.

Шпанија

Крилниот напаѓач на Вулверхемптон, како и шпански репрезентативец, Адама Траоре ја остави отворена опцијата за враќање во Барселона, опција која се шпекулира извесен период.

Барселона е мојот дом, пораснав таму, десет години поминав таму, сепак, ќе треба да разговараме со моите агенти и да видиме што посакува Барселона“ рече Траоре во изјавата за „РАЦ1“.

25 годишниот Траоре произлезе од „Ла Масија“, а во 2015 година се пресели на Островот каде најпрво почна во Астон Вила, по што следеа трансфери во Мидлзборо, односно Вулверхемптон.

Актуелниот договор на Траоре со Вулверхемптон истекува во 2023 година, меѓутоа се верува дека тој посакува да се врати во редовите на Каталонците.