24фудбал

Челси има план „Б“ доколку не го успее да го ангажира Халанд

Денеска излезе шпекулација дека наводно Реал Мадрид ги договорил личните услови со норвешкиот напаѓач, а преостанува уште да си подаде рака со Борусија Дортмунд, но тоа второто е мошне потешко.

Англија

Напаѓачот на Виљареал, Џерард Морено е алтернативната опција на Челси во случај европскиот клупски првак да не успее во намерата да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

„Сините“ од Лондон се одлучни во намерата да ангажираат напаѓач ова лето, со тоа што германскиот фудбалски стратег Томас Тухел јасно му ставил дознаење на клупското раководство дека тоа е потребно за новата сезона.

Тимо Вернер имаше исклучително тешка сезона на позицијата централен напаѓач, со тоа што многу повеќе придонесе како крилен напаѓач, а повеќе од веројатно е дека Тами Абрахам не е во плановите на Тухел за во иднина.

Иако денеска излезе информација дека наводно Реал Мадрид ги договорил личните услови на Халанд, сепак „Сан“ тврди дека Челси е преферирана дестинација за Норвежанецот.