24фудбал

Почетни состави: Кејн повторно од првата минута за Англија, Петковиќ напаѓа за Хрватска (ФОТО)

Познати се почетните состави за вечерашните две пресметки од групата „Д“ кои стартуваат со почеток од 21 часот, а со кои ќе се комплетира оваа фаза од таа конкуренција.

ЕВРО 2020

Селекцијата на Англија до пред стартот на Европското првенство важеше за главен фаворит во изборот на букмејкерите, меѓутоа „Гордиот албион“ потфрли во двете воведни коло од својата група, иако избори една победа и реми.

Во големото сивило на Англичаните целосно се вклопи Хари Кејн кој е непрепознатлив на европскиот турнир, а сосема е веројатно е дека со мислите е вон тоа натпреварување, за што се шпекулура дека е пред заминување од Тотнем, што значи дека претстои голем трансфер на повидок.

Како и да е, Герет Саутгејт и вечерва ќе стартува со Кејн, одлука која ги разлути уште повеќе англиските навивачи, меѓутоа ова може да биде потег кој скапо ќе ја чини Англија, доколку напаѓачот и вечерва биде очаен, што дополнително ќе се зголеми притисокот врз него.

Англија вечерва ќе настапува во формациска поставеност од 4-2-3-1, со тоа што за очекување е Грилиш да биде веднаш зад Кејн во нападот како полушпиц, а од страните ќе напаѓаат Стерлинг и Сака.


Што се однесува пак до селекцијата на Чешка, таа ќе напаѓа со Патрик Шик кој постигна три гола во воведните две кола досега од оваа група, а формацијата е 4-2-3-1.


Сепак, возбудувањата од оваа конкуренција треба да ги гледаме на дуелот помеѓу Хрватска и Шкотска, селекции кои имаат по еден освоен бод засега, а евентуална победа на било која од нив ќе значи и речиси сигурен пласман во нокаут фазата од најдобро третопласираните селекции во групната фаза на турнирот.

Од тоа што можеме да го забележиме, Златко Далиќ се реши за промена во нападот, со тоа што од првата минута наместо Ребиќ ќе стартува Петковиќ, а формацијата е 4-2-3-1.


Шкотланѓаните се решија за формација 3-3-2-2, со тоа што страничните бекови ќе функционираат нешто понапред од предвиденото, а двоецот во нападот го сочинуваат Адамс и Дјукс.