24фудбал

Фантази Премиерлигата активирана 30 дена по последниот меч од изминатата сезона, а на 52 дена до новата

Големите возбудувања во новата сезона од Фантази Премиерлигата почнаа нешто порано од предвиденото, меѓутоа на радост на големите фанатици на оваа мега популарна платформа од игра.

Останато

Од Премиерлигата изминативе неколку денови почнаа да допираат до љубителите на Фантази првично објавувајќи ги дел од цените предвидени за фудбалерите за новата сезона, а денеска на радост на неколкуте милиони натпреварувачи ширум светот, платформата беше активирана.

Само за неколку часа на Фантази Премиерлигата за новата сезона се активираа над 200,000 натпреварувачи, што доволно говори за тоа каков бренд создадоа Англичаните.

Македонија од година во година има сепоголема бројка натпреварувачи на „Фантази Премиерлигата“, лани бројката изнесуваше над 10,000.

За оние најљубопитните, ова се засега фудбалерите кои се најселектирани по само неколку часа активна „Фантази Премиерлига“.

Новата сезона во англиската Премиерлига стартува со мечот помеѓу Брентфорд и Арсенал предвиден во вечерниот термин од 21 часот во петок на 13 август.