24фудбал

Реал Мадрид ги договорил личните услови на Халанд?

Неофицијалните информации говорат дека „Кралевите“ и напаѓачот веќе си подале рака околу личните услови, меѓутоа сега преостанува и договор со Борусија Дортмунд, најтешкиот дел за заклучување на зделката.

Шпанија

Реал Мадрид е чекор понапред во обидите да го ангажира Ерлинг Халанд уште ова лето, откако шпанскиот гигант наводно ги договорил личните услови на 20 годишниот напаѓач.

Меѓутоа, останува и натаму да биде постигнат договор со клубот на Норвежанецот, Борусија Дортмунд, кој наводно нема да отстапи од бараната сума во висина од цели 175 милиони евра.

Се верува дека Халанд би можел да има неделна плата во висина од неверојатни 600,000 евра, а засега останува непознато дали токму таа сума е договорена, меѓутоа „Кралевите“ сигурно посакуваат да издејствуваат за спуштање на неговата цена од страна на Борусија Дортмунд.

Освен Реал Мадрид, како заинтересирани кандидати за потписот на Халанд се споменуваат уште Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, како и Барселона.