24фудбал

Јувентус го подготвува теренот за трансфер на Локатели

Првичните преговори со Јувентус и Сасуоло наводно се предвидени да се случат во текот на оваа седмица, а наводно има еден проблем околу цената на фудбалерот.

Италија

Јувентус се подготвува да почне преговори со Сасуоло околу можноста да го ангажира фудбалерот од средниот ред на таа екипа, Мануел Локатели ова лето.

23 годишниот Локатели имаше одлична сезона зад себе во дресот на Сасуоло, а демонстрираше и фантастични перформанси од досегашните натпревари на Европското првенство каде „Аѕурите“ изборија место во нокаут фазата по максимални три победи во групата.

Со две години преостанати од неговиот договор, во Сасуоло се верува дека се подготвени да преговараат со заинтересираните екипи за услугите на Локатели уште ова лето, додека неговата цена е висока.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Јувентус е сериозен во намерата да го ангажира Локатели, а првичните преговори со Сасуоло се предвидени да се случат оваа седмица.

„Газета дело Спорт“ пишува дека цената на Локатели пред Европското првенство изнесувала 35 милиони евра, меѓутоа сега би можела да порасне за дополнителни 15 милиони евра.

Како и да е, неофицијалните информации говорат дека тоа би било многу за Јувентус, со тоа што клубот од Торино би испратил понуда во висина од околу 25 милиони евра, а би вклучил дополнително и еден фудбалер во пакетот понуда, со тоа што се споменува младиот романски дефанзивец Раду Драгушин.