24фудбал

Чалханоглу на посебен начин му се заблагодари на Милан (ВИДЕО)

Интер го доби потписот на Турчинот за плата од 5 милиони евра од сезона, што е за само еден милион евра повисока од понудата на Милан за продолжување на соработката.

Италија

Милан остана со празни раце откако еден од најдобрите фудбалери на таа екипа си замина без никакво обештетување, а за болката на „Росонерите“ да биде уште поголема, Хакан Чалханоглу преминува во ривалот Интер.

По повод разделбат со Милан, Турчинот објави специјално видео на социјалните мрежи во кое му се заблагодари на клубот за досегашната соработка, истото вклучува и дел од неговата презентација во 2017 година, по трансферот од Баер Леверкузен вреден 23 милиони евра.

Ти благодарам за сеМилан“ гласеше неговата порака.