24фудбал

Официјално: Чалханоглу е нов фудбалер на Интер

Интер и официјално соопшти дека потпиша договор со Хакан Чалханоглу.

Италија

Чалханоглу остана во Милано и по истекот на договорот со Милан, само ги смени боите, од следната сезона ќе настапува за Интер.

„Интер може да соопшти дека Хакан Чалханоглу им се приклучи на нероазурите. 27-годишниот фудбалер стави потпис со клубот до 30 јуни 2024“, стои во соопштението на Интер.