24фудбал

Интер на интересен начин го најави трансферот на Чалханоглу (ФОТО)

Хакан Чалханоглу ги поминал медицинските тестови во Интер и ставил потпис на договорот, а нероазурите преку социјалните мрежи на необичен начин го најавија неговиот ангажман.

Италија

Интер го комплетираше трансферот на Чалханоглу, тој стави потпис на договор до јуни 2024 година.

Интер на социјалните мрежи објави слика од Милано со мост, која значи „на другата страна од градот“ и алудира на трансферот на Чалханоглу.

Турскиот фудбалер останува да живее во Милано, само ќе ја промени страната, боите на дресот и тренинг центарот.