24фудбал

Ангеловски: Сите добро знаат зошто нема да продолжам да бидам селектор на Македонија

Игор Ангеловски вели дека со задоволство го одработил секој момент како селектор на Македонија, не сакаше многу да навлегува во причините зошто нема да му биде продолжен договорот, вели дека сите го знаат тоа.

Македонија

ФФМ одамна сака да го смени Ангеловски од селекторското место, за разлика од целата јавност, тие сметаат дека тој не треба да биде на оваа функција. Под големиот пртисок од јавноста му го продолжија договорот но само до крајот на Европското првенство.

Логично е кога селекторот е успешен, кога го сакаат фудбалерите и публиката, да добие шанса барем да го заврши тоа што успешно го почнал, квалифкацискиот циклус за СП, но ФФМ не му нуди нов договор, Македонија наскоро ќе добие нов предводник.

„Да, дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам се добро познати на јавноста. Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација и посакувам се најдобро во иднина и дај Боже да се радуваме на уште вакви големи настани“, изјави Ангеловски по пристигнувањето во Скопје.