24фудбал

Маунт и Чилвел разговарале со Гилмор 25 минути па нема да играат против Чешка

Од таборот на Англија соопштија дека Мејсон Маунт и Бен Чилвел ќе бидат во изолација до 28. јуни, тоа значи дека нема да бидат во комбинација за дуелот со Чешка а се неизвесни и за осминафиналето.

ЕВРО 2020

Герет Саутгејт нема да може да смета на Мејсон Маунт и Бен Чилвел за дуелот против Чешка. Англичаните мораат во изолација поради контакт со Били Гилмор од Шкотска, кој подоцна доби позитивен тест на ковид-19.

Се говори дека Маунт и Чилвел не само што се поздравиле со Гилмор по крајот натпреварот, разговарале и 25 минути во тунелот, па сега мораат да одат во изолација до 28. јуни и да тренираат индивидуално.

Маунт и Чилвел би можеле да го пропуштат и осминафиналето во зависност од тоа на која позиција Англија ќе заврши во Групата Д. Доколку „трите лава“ се први, ќе играат на 29. јуни, но доколку завршат како втори, ќе играат на 28. јуни и во овој случај дуото на Челси нема да биде во комбинација.