24фудбал

АМС на скопскиот аеродром ќе ги чека македонските фудбалери

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски соопшти дека ќе организираат пречек на аеродромот за македонските фудбалери.

Македонија

„Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!

Нашите херои заслужни за историскиот успех, нашата држава да учествува на Европското првенство, ќе имаат достоинствен пречек како што  доликува на нивното дело и придонес.

Автобус за пречек од пред Агенцијата за млади и спорт, во 12. 30 часот ќе тргне на Аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите.

Игравме на Европско! Таму ни е местото!“, соопшти Наумче Мојсовски.

Предвидено е македонските фудбалери во 13:30 да слетаат во Скопје.