24фудбал

Чурлинов: Верувам во оваа репрезентација, можеме да се пласираме и на Светско

Еден од фудбалерите кои се иднината на македонската репрезентација е и Дарко Чурлинов за кого искуството од настапот на Европското првенство може да биде многу значајно за кариерата.

Македонија

Дарко Чурлинов смета дека без разлика на тоа што Горан Пандев се пензионира, Македонија ќе продолжи и во иднина да бележи успеси.

„Ова беше посебен натпревар поради Горан Пандев и поради селекторот и смената на генерација. Штета што го примивме тој гол и така излезе“, вели Чурлинов.

„Верувам во оваа репрезентација иако ќе биде без Пандев, мислам дека имаме добри шанси да се пласираме и на Светско првенство“.