24фудбал

Пандев: Фаул беше, и Блинд им призна на судиите дека ме удри...

За спорниот момент при првиот гол на Холандија, Горан Пандев вели дека имало конткат, бил фаулиран од Блинд, но судиите често им прогледуваат низ прсти на фаворитите.

Македонија

Холандија поведе со сомнителен погодок, Горан Пандев беше фаулиран пред шеснаесетникот на домаќини од Блинд, но судијата не досуди ништо, а потоа Депај по една фантастична контра постигна гол. Моментот се разгледуваше во ВАР собата, но одлуката не се промени.

Пандев вели дека имало контакт, Блинд не само што му ја удрил ногата, туку и им признал на судиите дека го направил тоа.

„Да, тој ми ја згазна и ногата, ја удри и топката и ногата, и самиот им призна на судиите, но знаеме дека и судиите друго гледаат кон репрезентациите кои се фаворити. Но нема зошто да тагуваме, ние го дадовме максимумот. Холандија е фаворит, плус играше на домашен терен, имавме статива, поништен гол, мислам дека добро се носевме во првото полувреме, во второто физичкиот дел излезе на виделина. Заслужено победи Холандија“, изјави Пандев.