24фудбал

Инсиње би можел во Барселона

Каталонците ќе се обидат да дојдат до потписот на Инсиње со попуст, од причина што тој има договор со Наполи уште една година.

Шпанија

Барселона би можела да дојде до потписот на уште еден офанзивец, по Серхио Агуеро и Мемфис Депај, за што се верува дека Каталонците пријавиле интерес и за фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

30 годишниот репрезентативец на Италија има договор со Наполи до идната година, меѓутоа нема никакви сигнали и знаци дека ќе стави потпис на нов договор, а „Спорт Италија“ извести дека Каталонците би можеле да го ангажираат уште ова лето.