24фудбал

Манчестер јунајтед напредува во преговорите за Пау Торес

Манчестер јунајтед беше одбиен од Реал Мадрид во обидите за ангажман за Рафаел Варан, понудата од 50 милиони фунти беше одбиена, а повеќе од веројатно е дека бараната сума од 80 милиони фунти на „Кралевите“ е превисока за Премиерлигашот.

Англија

Неофицијалните информации кои пристигнуваат велат дека англискиот вицепрвак Манчестер јунајтед напредува во преговорите со Виљареал за ангажман на дефанзивецот Пау Торес.

Очекувањата се дека договорот би можел да се случи веднаш по крајот на актуелното Европско првенство на кое Торес е со својата селекција Шпанија.

Шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер очајно посакува засилување во дефанзивната линија, а токму Торес е еден од желбите на норвешкиот фудбалски стратег.

24 годишниот Торес има активен договор со Виљареал со важност до 2024 година, што воедно ја олеснува позицијата на шпанскиот прволигаш во оваа ситуација.