24фудбал

Шпалир за Пандев, стоечки овации и од Снајдер (ВИДЕО)

Пандев објави крај на својата репрезентативна кариера, меѓутоа македонската јавност и натаму упатува апел кон него да остане нешто подолго во нашиот национален фудбалски состав.

Македонија

Резултатот од Амстердам во последното, трето коло во групната фаза од Европското првенство помеѓу Холандија и Македонија е во втор план, во прв е секако последниот меч на Горан Пандев во нашиот национален состав.

По тој повод, популарниот „Гоче“ откако беше повлечен од игра во 68 минута, соиграчите од нашиот национален состав му приредија шпалир, а имаше и многу емоции крај аут линијата.

Од трибините следеа стоечки овации за нашиот капитен како од нашите навивачи, така и од домашните, а Пандев со аплауз беше испратен и од својот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер.