24фудбал

Холанѓаните знаат да ценат, Вајналдум му подари дрес на Пандев со бројот 122

Горан Пандев денеска го игра последниот натпревар за нашата репрезентација, а чест на нашиот капитен изразија и Холанѓаните.

ЕВРО 2020

Пред почетокот на натпреварот, каптенот на Холандија, Вајналдум му подари холандски дрес на Пандев на кој беше неговото презиме и бројката 122. 

Денеска е 122. натпревар за Пандев во националниот дрес. За жал и последен.