24фудбал

Армија од македонски навивачи пред „Јохан Кројф“ Арената, таму е и царот со тапанот (ВИДЕО)

Македонската репрезентација ќе има сериозна поддршка и на мечот со Холандија во Амстердам, црвено-жолтата боја доминира пред „Јохан Кројф“ Арената.

ЕВРО 2020

Се очекува на денешниот натпревар Холандија како домаќин да има поголема поддршка од трибините на стадионот на Ајакс, но според тоа што може да се види, и Македонците ќе бидат во голем број.

Армија од македонски навивачи со песна се загреваат пред стадионот, а тука е и легендарниот фан со тапанот кој го виде целиот свет.