24фудбал

„Не напушти како платеник, не можеш да се вратиш како херој“ (ФОТО)

Навивачите на Парма го кренаа својот глас против легендарниот голман кој во нивните очи денеска е само еден мал човек, како што и самите тие велат, а таков и ќе останел засекогаш.

Италија

По цели 20 години легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати во својот матичен клуб Парма, меѓутоа неговото враќање не наиде на воздишки кај фановите на клубот од „Енио Тардини“.

Откако вестите беа и официјално потврдени за враќањето на 43 годишниот голман, навивачите поставија транспарент пред стадионот, со што го кажаа своето мислење за Буфон.

Си замина како платеник, не можеш да се вратиш како херој. Почитувај го дресот“ стоеше во нивната порака на транспарентот.

Пред 20 години вети дека никогаш нема да го носиш дресот на Јувентус, а само три седмици потоа потпиша токму за нив, сега се враќаш во единствениот клуб кој те направи победник во Европа, по се’ што се случи, само ќе ти порачаме дека за нас си само еден мал човек и дека засекогаш ќе останеш таков“ стои во соопштението на навивачите на Парма.