24фудбал

Мурињо: Азар е неверојатен фудбалер со ужасен тренинг, замислете каков играч ќе беше ако работеше напорно

Жозе Мурињо го потврди тоа што сите го знаат, брилијантноста на Еден Азар се должи само на неговиот голем талент, но не и на работата на тренинзите.

ЕВРО 2020

Жозе Мурињо му беше тренер на Азар во Челси и многу добро го познава белгискиот фудбалер.

Азар важи за еден од најголемите играч, но и за фудбалер кој не е константен. Најдобар пример е неговата физичка форма во која се појави во Реал Мадрид откако шпанскиот гигант го купи за огромна сума од Челси.

„Тоа што го гледате во Азар, е неверојатен фудбалер со ужасен тренинг, па би можеле само да замислите каков фудбалер би бил со супер професионален тренинг“, вели Мурињо.

„Тоа е едно неверојатно момче, фамилијарен човек, мирен, комплетно фокусиран на фамилијата, децата, родителството, има многу мирен живот, не е како некои фудбалери зависни од социјални мрежи, но кога секое утро ќе се појави на тренинг не работи многу. Кога ќе го видите на теренот, не гледате рефлекција на неделна работа на тренинзите, гледате само рефлекција на неговиот талент. Тој е неверојатен талент, и може само да замислите каков ќе беше ако е врвен професионалец“.