24фудбал

Куман верува дека Меси треба да ја заврши кариерата во Барселона

Последните неофицијални информации на оваа тема говорат дека Меси е подготвен да потпише нов, две годишен договор со каталонскиот гигант.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман верува дека првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси треба да ја заврши својата кариера во клубот од „Камп Ноу“, а додаде и дека се надева договорот ќе биде постигнат наскоро.

Ние секогаш сме потенцирале дека Меси треба да ја заврши кариерата во Барселона, јас лично се надевам дека тоа и официјално ќе се случи наскоро“ рече Куман во изјавата за „Спорт“.

Сметам дека тоа ќе се случи, ќе биде одлична вест за сите“ додаде холандскиот фудбалски стратег кој на Европското првенство го „скенира“ својот сонародник Мемфис Депај.

33 годишниот Меси технички ќе биде слободен играч на трансфер пазарот по истекот на овој месец, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта тврдеше дека договорот со Меси е одложен со оправдание дека се чека на продажба на фудбалери од тимот.