24фудбал

Рамос отркива: Ја прифатив понудата на Реал Мадрид но се изненадив кога ми кажаа дека повеќе не важи!

Серхио Рамос вели дека парите не биле проблем за негово останување на „Сантијаго Бернабеу“, го прифатил предлогот на Реал Мадрид но се изненадил кога му кажале дека понудата повеќе не важи.

Шпанија

Серхио Рамос синоќа се збогуваше со „кралевите“, по 16 години поминати во клубот, дефанзивецот заминува откако не успеа да пронајде заеднички јазик со Флорентино Перез за продолжување на соработката.

На средбата со новинарите, Серхио Рамос откри повеќе детали за преговорите, вели дека на крајот дал зелено светло за останува и го прифатил предлогот на Реал Мадрид но добил изненадувачки одговор дека понудата повеќе не важи.

„Прво морам да потенцирам дека никогаш не сакав да го напуштам Реал Мадрид, секогаш сакав да останам. Да не навлегувам многу во детали и да бидам краток и јасен, откако ја освоивме титулата минатата сезона, клубот ми понуди продолжување на договорот, но поради ковид-19 преговорите беа ставени на стенд-бај“ – вели Шпанецот.

„Во последните неколку месеци, клубот ми понуди едногодишен договор со намалена плата. Парите никогаш не беа проблем, јасно ставив до знаење дека економските услови не се проблем. Проблем беше должината на договорот, клубот нудеше една година јас сакав две години, сакав стабилност за мене и моето семејство“.

„Во последните разговори, им кажав дека ја прифаќам понудата, но ми рекоа дека понудата повеќе не важи. Ми рекоа дека имало краен рок до кога сум требал да дадам одговор и дека предлогот повеќе не е на маса. Бев прилично изненаден, претходно никој не ми спомна нешто вакво“.