24фудбал

Норвежаните не сакаат да играат на „гробницата“ во Катар за СП 2022

Норвежаните се во центарот на вниманието во поглед на неизвесноста околу нивниот став во поглед на можното бојкотирање на Мундијалот, а во досегашните три квалификациски меча тие запишаа победи над Гибралтар и Црна Гора, а загубија од Турција.

Останато

Во Норвешка се доста сериозни во намерите да го бојкотираат Светското првенство во Катар кое се одржува идната година, а со тоа да испратат јасна и гласна порака за сите случувања во таа земја изминативе години.

Долг период медиумите пишуваат за злоупотребувањето на работниците кои работеле во нечовечки услови во изведувањето на потребната инфраструктура за Мундијалот, а тие дури не добивале ниту плата за сработеното, иако познато е колку Катар „плива во пари“.

Самите норвешки репрезентативци, вклучувајќи ја и ѕвездата Ерлинг Халанд го кренаа гласот околу турнирот по прашањето за човечките права, а тие дури и носеа маички пред натпреварите во мундијалските квалификации на кои беше укажана потребата за почитување на човечките права.

Натпреварите на тамошние терени ќе бидат практично на гробишта“ беа зборовите на Оле Кристиан Сандвик, кој е задолжен за односи со јавност при „НСА“, односно групата на норвешки навивачи.

Во текот на утрешниот ден ќе падне и конечна одлука на Норвешка во однос на прашањето дали да се бојкотира тоа првенство, со тоа што е предвиден клучен состанок во просториите на куќата на фудбалот на Норвешка.

Во февруари, „Гардијан“ извести дека 6,500 мигранти кои биле користени како работници починале во Катар, откако оваа земја ја доби кандидатурата за организација на Мундијалот уште пред десет години.

Просечно, секоја седмица умирале по 12 мигранти-работници, а норвешки „НРК“ известува дека секој втор Норвежанец ќе ја поддржи тамошната Фудбалска Федерација во случај да падне конечна одлука за бојкот на Мундијалот, со тоа што анкетите велат дека 26% од испитаниците сметаат дека бојкотот не е правилно решение, а 24% сметаат дека не се сигурни по тоа прашање.

И повеќе од јасно е дека евентуален бојкот на Норвешка ќе значи и повеќе од веројатна суспензија за следното Светско првенство предвидено да се одигра во САД и Мексико во 2026 година.

Истовремено, очекувањата се ФИФА целосно да ја стопира финансиската соработка со Норвешкиот фудбал во случај да биде донесена одлука за бојкот.