24фудбал

Ешли Јанг се врати во Астон Вила

По десет години Јанг се врати во клубот од каде почна се' во неговата кариера, а тој тврди дека штом разбрал за интересот, јасно му посочил на агентот да го договори сето тоа.

Англија

Ешли Јанг и официјално се врати во редовите на Астон Вила, откако неговиот договор со Интер истече, а потпиша едногодишен договор со клубот од Бирмингем.

Јанг си замина од Астон Вила за да се приклучи на Манчестер јунајтед пред десет години, а ја освои Серија А во дресот на Интер изминатата сезона, а како што и самиот 35 годишен фудбалер вели, штом слушнал за интересот на Премиерлигашот, не се двоумел воопшто.

Кога слушнав за интересот на Астон Вила, веднаш му порачав на агентот да го договори сето тоа, како знае, како умее, договор мора да биде постигнат“ рече Јанг кој за Астон Вила има одиграно 157 натпревари, на кои има постигнато 30 погодоци.