24фудбал

Бразил убедливо го победи Перу, Нејмар плачеше по мечот (ВИДЕО)

Во меч од Копа Америка, Бразил со 4-0 го победи Перу, а Нејмар кој беше играч на мечот плачеше додека даваше изјава по натпреварот.

Јужна Америка

Бразил ја забележа и втората победа на Копа Америка, а Нејмар одигра одличен натпревар, беше стрелец на еден погодок. Другите ги постигнаа Алекс Сандро, Рибеиро и Ришарлисон.

Нејмар често знае да си заплаче, така беше и вчера во неговата изјава по мечот.

Тој полека го стигнува рекордот на Пеле, па овој пат тоа беше причината за плачење. Пеле има 77 голови за Бразил, Нејмар синоќа дојде до својот 68. погодок. 

„Многу ми значи што се доближувам до рекордот на Пеле, минав многу овие последни две години. Овие бројки не се ништо повеќе од моето задоволство да играм за Бразил, да ја претставувам мојата земја, мојата фамилија. Ние сите поминуваме низ овој нетипичен момент. Многу тежок момент во Бразил и секаде“, вели Нејмар.

„Да бидам пример за некој, да ги правам луѓето среќни, тоа ми дава уживање. Ја сакам приказната која ја пишувам тука, сакам мојата фамилија и пријателите да бидат горди. Се надевам дека секој кој ја сака оваа игра е грод на мене бидејќи овие бројки не значат ништо друго, само гордост да се игра за Бразил“.