24фудбал

Во Евертон ќе мораат добро да размислат за Бенитез по оваа реакција на навивачите (ФОТО)

Шпанецот не е добредојден во Евертон, тоа јасно го покажаа навивачите на тој клуб откако Карло Анчелоти си замина во Реал Мадрид, па остана тренерското столче испразнето во пресрет на новата сезона.

Англија

Навивачите на Евертон налутени по тоа што го разбраа од медиумите дека нивниот омилен клуб преговара со Рафа Бенитез за нов тренер, ставија јасно дознаење дека се против таквата идеја.

Вон „Гудисон“ арената беа поставени транспаренти на кои беше пренесена пораката од нивна страна дека се апсолутно против Бенитез да го преземе кормилото на таа екипа, откако во минатото тој беше на клупата на лутиот градски ривал Ливерпул.

Помеѓу пораките упатени до Бенитез, можеа да се забележат и невкусни навреди на адреса на шпанскиот фудбалски стратег.