24фудбал

Донарума во понеделник на медицински прегледи

Речиси и да нема повеќе дилеми во однос на трансферот на Донарума во ПСЖ, се шпекулира дека тој уште во понеделник ќе ги обави предвидените медицински прегледи.

Франција

Според известувањата на „Скај Спорт Италија“, но и „Калчомеркато“, се верува дека Џанлуиџи Донарума во понеделник ќе биде подложен на медицински прегледи во Фиренца за предвидениот трансфер во ПСЖ.

Истовремено, се верува дека ПСЖ нема да го испрати на позајмица 22 годишниот Италијанец како што се најавуваше претходно, туку ќе остане во тимот борејќи се за првото место заедно со Кејлор Навас.

Донарума си заминува од Милан како слободен агент на трансфер пазарот откако му истече договорот со тој клуб, за кого одигра 251 натпревар.

Младиот Италијанец инаку ќе потпише петгодишен договор со францускиот вицепрвак, каде од сезона ќе заработува 12 милиони евра.