24фудбал

Јармоленко го стори спротивното од Роналдо и Локатели (ВИДЕО)

Украинската ѕвезда која и пресуди на Македонија за време на пресконференцијата по мечот се пошетуваше за темата која за момент се најде во центарот на вниманието.

ЕВРО 2020

Андриј Јармоленко игра фантастично на Европското првенство, а за тоа нема дилеми откако во поразот со 3-2 од Холандија постигна еден гол, а во победата против Македонија со 2-1 запиша гол и асистенција.

Фудбалерот на Вест Хем воедно е последната ѕвезда на европскиот турнир кој се вмеша во темата со пијалоците кои стојат на масата за време на пресконференциите, а всушност се дел од главните спонзори на турнирот.

Може ли јас нешто да сторам? Го видов Роналдо како го прави ова, сакам да ги преместам пијалоците овде, Кока Кола и Хајнекен, ве молам, бидете во допир со сево ова“ рече Украинецот.