24фудбал

Пандев и Ангеловски излегле од „меурот“, биле во ресторан по мечот со Украина!? (ФОТО)

Во романаските медиуми се појавија фотографии како капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски заедно со своите фамилии вечераат во ресторан, тоа е спротивно на правилата на УЕФА на ова ЕП.

ЕВРО 2020

По вчерашниот пораз од Украина, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своитие фамилии седнале во луксузен ресторан во Букурешт, но биле фатени од романските папараци.

Сето ова би било нормално доколку се работеше за првенство во некое друго време. Поради пандемијата на ковид-19, УЕФА најстрого бара од фудбалските репрезентации да немаат контакт со други луѓе освен онии од репрезентациите. Но очигледно Пандев и Ангеловски излегле од таканаречениот „меур“.

„Меурот“ се прекршуваше и во Скопје, на социјалните мрежи излегуваа многу фотографии од фудбалерите сликани со фанови.

Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.


Фото: Про Спорт