24фудбал

Холандија ја победи Австрија, исчезнаа сите шанси на Македонија за осминафинале (ВИДЕО)

Холандија со 2-0 ја победи Австрија и се пласира во следната фаза на Европското првенство, овој резултат значи дека нашата репрезентација ги загуби и теоретските шанси за пласман понатаму.

ЕВРО 2020

По денешниот пораз од Украина, Македонија само со една луда комбинација можеше да дојде до осминафиналето, за таа да се случеше најпрво Австрија требаше да ја победи Холандија, но ништо од тоа.

Вечерва Холандија славеше со 2-0, со што за Македонија последниот меч од групата ќе биде само за гордост.

Алаба кој беше брилијантен против Македонија, не беше на тоа ниво и против Холандија, направ пенал во воведниот дел од мечот од кој реализираше Депај за воодство од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Думфрис во 67. минута од натпреварот.

По две одиграни кола прва е Холандија со шест бода, Украина и Австрија имаат по три, Македонија е последна без бодови.

Последниот натпревар на Македонија, дуелот со Холандија е на 21. јуни од 18 часот.