24фудбал

Гатузо оди во Премиерлигата, ќе биде тренер на Тотнем

Џенаро Гатузо е во напредни преговори со Тотнем за нов тренер откако англискиот тим не постигна договор со Пауло Фонсека.

Англија

Се очекуваше Пауло Фонсека да биде нов тренер на Тотнем, но проблем настана кога требаше да се договараат за личните примања и преговорите пропаднаа.

Клубот од Лондон веднаш најде негова замена, информациите велат дека тие сега се во преговори со Џенаро Гатузо.

Преговорите течат одлично, тие се во напредна фаза и најверојатно Гатузо ќе биде новиот тренер на Тотнем.

Италијанецот по крајот на сезоната беше назначен за нов тренер на Фиорентина, но по само 22 дена си замина поради недоразбирања со раководството околу трансфер политиката.