24фудбал

Почетни состави: Де Лихт стартува од првата минута за Холандија (ФОТО)

Со почеток од 21 часот Холандија и Австрија тргнуваат во походот кон втората победа во групната фаза од европскиот турнир што би им гарантирала пласман во нокаут фазата.

ЕВРО 2020

Холандија и Австрија веќе обезбедија по една победа во првото коло, против Украина со 3-2, односно Македонија со 3-1, а вечерва ќе се судрат во походот по втората победа која ќе гарантира пласман во нокаут фазата.

Веќе имаме можност да се запознаеме со почетните состави на обете екипи, а од тоа што можеме да го забележиме, нема некои големи промени на обете страни.

Холандија ќе стартува во идентична формациска поставеност како што беше во дуелот со Украина, односно 5-3-2, а од тоа што можеме да забележиме, Де Лихт, кој претходно отсуствуваше поради повреда, вечерва ќе стартува од првата минута. Во нападот ништо ново кај „Лалињата“, таму се Вехорст и Депај.


Што се однесува пак до почетниот состав на Австрија, оваа селекција со нешто поотворена формациска поставеност, доколку против Македонија играа со еден централен напаѓач и полушпиц, вечерва ќе биде 4-4-2, односно со Сабицер и Калајџиќ, кои всушност сега и двајцата ќе бидат на тие позиции, а Сабицер беше нешто поназад против Македонија.