24фудбал

Причината е јасна, Кејн нема да го следи примерот на Роналдо и Локатели

Првата ѕвезда на „Гордиот албион“ има милион причини зошто не треба да го следи примерот на Роналдо и Локатели, кои доста решително тргнаа во таа „битка“,

ЕВРО 2020

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн нема да го следи примерот на Кристијано Роналдо и Мануел Локатели кои решија да го тргнат пијалокот „Кока кола“ за време на своите прес конференции.

Првично се верува дека причините на Роналдо се во поглед на здравјето на луѓето, иако за оваа тема сигурно ќе претстои уште многу дебата дали тоа е вистинската причина за потегот на Португалецот кој го следеше и Локатели.

Сепак, причините заради Кејн нема да го следи примерот на обајцата е фактот што напаѓачот е амбасадор на тој пијалок, иако постојат повици кон него на социјалните мрежи за капитенот на „Гордиот албион“ да го стори истото што го сторија Роналдо и Локатели.